НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Али Ахмети: Европа е нашиот дом, им честитам на сите граѓани

0
By Mirjana on July 19, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел им честиташе на сите граѓани за овој важен момент кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес.

Во продолжение неговата целосна објава:

Почитувани граѓани,

Започнуваме ново поглавје. Секогаш сме докажале дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик.

Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај препреките низ кои поминавме.

Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел и Вашингтон.

Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои за некои изгледаа како невозможна мисија и затворивме отворени билатерални прашања.

Притоа, во ниту еден случај не отстапивме од европскиот курс, од реформите и изградбата на добрососедските  односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на спроведувањето на реформските процеси и постигнатите договори.

Патувањето секако не беше лесно, но не беше и невозможно бидејќи нашата ориентација кон големото европско семејство беше јасна.

Ја користам ова прилика да им честитам на сите наши граѓани за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе ви обезбедиме јасна перспектива, безбедност во земјата и  регионот  како и  пошироко, а со една единствена цел за поголема благосостојба за идните генерации.

Продолжуваме напред со целосна храброст, одлучност и максимална посветеност!, стои во објавата на лидерот на ДУИ, Ахмети.`

Ахмети го честита почетокот на преговорите со ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.