Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави почетокот на преговорите на Македонија и на Албанија за членство во Европската Унија (ЕУ).
„Соединетите Американски Држави ги поздравуваат важните чекори што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било е да се поддржи стремежот за Европа цела, слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија. Соединетите Држави ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер додека двете држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото. Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последниве денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии“, се вели во честитката на претседателот на САД, Бајден по повод денешото отворање на пристапните преговори за членство на Македонија и на Албанија во ЕУ.