Попладнево во Брисел се организира коктел на кој премиерите Димитар Ковчевски и Еди Рама и еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји сечеа торти со знамиња на Македонија, на Албанија и на ЕУ по одржување на првата Меѓувладина конференција и отпочнување на скрининг процесот на Унијата со двете земји.


„Како што се интегриравме брзо во НАТО, ќе покажеме дека брзо ќе се интегрираме и во ЕУ, рече Ковачевски пред присутните на заедничкиот коктел на кој присуствуваа претставници на владините делегации на Македонија и на Албанија, на ЕУ, како и дел од дипломатскиот кор.