Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Крикот на охридската пастрмка“- урбана акција за загрижувачката состојба со ендемската пастрмка

0
By Mirjana on July 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 20, 2022 14:04

Иако Охридското Езеро нема концесионер повеќе години, а ловот е строго забранет, охридската пастрмка се нуди во сите ресторани околу езерото, под тезга, во рибарниците, а постојат и таканерачени “агенти“ кои вршат достава на пастрмка до дома.

Криволовот, односно рибокрадството со години има енормни  размери, што доведува до десеткување на популацијата на пастрмката. Се почесто се ловат, односно криволоват риби неколкукратно помали од законските мерки за минимална големина на пастрмка, односно единки кои воопшто не успеваат да достигнат репродуктивна зрелост, туку илегално завршуваат на трпеза. Најдобар пример за состојбите со популацијата на пастрмката може да се види од една акција на Државниот Инспекторат за Земјоделие, при која се одземени мрежи со улов од околу 140 пастрмки, кои заедно тежеле само 33 килограми, односно во просек по околу 400 грама, што е далеку под минималната мерка и далеку од репродуктивната зрелост на рибите.

Поради немање концесија, но и поради низа бирократски бариери веќе неколку години не се врши вештачки мрест и порибување од македонската страна на езерото, додека бројките со кои се порибува албанската страна на езерото се минимални. Акцијата беше спроведена на 5 места во Охрид и се надеваме дека на овој начин ќе ги испровоцираме надлежните поефикасно и поревносно да се зафатат со решавање на овој проблем. Акцијата се состои од стари рибарски мрежи на кои се поставени силуети на фотографии од пастрмки, како и пораки во облик на риби со следната содржина:

„Купувањето охридска пастрмка е соучесништво во нејзиното истребување.“
„Охридската пастрмка е загрозен вид и ловот е строго забранет.“
„Не постои легално уловена охридска пастрмка во Македонија бидејќи е трајна забрана за лов на пастрмка и белвица.“
„Купувајќи и консумирајќи охридска пастрмка и белвица директно го поддржувте рибокрадството и нивното уништување.“
„Езеро без концесија – село без кучиња .“
„Не биди рибокрадец! Не барај охридска пастрмка и белвица. “

урбана акција за спас на ендемската охридска пастрмка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.