Комисијата за заразни болести (КЗБ) утре (12 ч.) ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моментната епидемиолошка состојба во државата, потврди доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
На последната седница на КЗБ не беа донесени дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.
Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.