НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Препорака од Стејт департментот до македонските влaсти – посилен ангажман за спречување на трговијата со луѓе

0
By Sashko on July 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соединетите Американски Држави им препорачуваат на македонските власти да спроведуваат построги истраги за гонење и осуда на осомничените трговци со луѓе, како и да не се изземаат и официјални лица за кои има сомнежи за соучество.

„Владата на Северна Македонија докрај не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни напори во таа насока“, се вели во годинашниот Извештај за спречување на трговијата со луѓе, што синоќа го објави американскиот Стејт департмент и, исто така, се препорачуваат построги и подолги затворски казни.

Според тој извештај, Северна Македонија се наоѓа на второ ниво заедно со осумдесетина земји од светот, меѓу кои се и Албанија, Хрватска, Грција, Унгарија, Италија. За споредба, во погорното, ниво број 1, се наоѓаат САД, Канада, Франција, САД, Финска, каде напорите за спречување на трговијата со луѓе се значајно повисоки.

Во извештајот за 2021 година се наведува дека македонските власти презеле напори за судска разрешница на повеќе случаи и развиле пристап што е ориентиран кон посттрауматска заштита на жртвите и децата од трговијата со луѓе. Сепак, се додава дека стандардите во повеќе клучни области не се исполнети.

„Намален е бројот на обвиненија против трговци со луѓе, додека полицијата и натаму се соочува со недостиг од доволно финансии и опрема за да спроведе проактивни истраги“, стои во дел од извештајот.

Во текстот се додава дека Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, немало доволно ресурси, персонал и дигитални можности за менаџирање за да се справи со сите случаи во негова надлежност.

Критика се упатува и за недоволното финансирање за потребните полициски тимови.

Во дел од препораките стои и потребата од издвојување на повеќе пари за обезбедување на потребните ресурси за полицијата и за истражителите, а со цел за да се овозможи поефикасно детектирање и спречување на трговијата со луѓе.

Стејт департментот, меѓу другото, препорачува и повеќе средства за помош на жртвите од трговија со луѓе, обуки на специјализирани тимови од социјални работници, поефикасни законски легислативи, обезбедување центри за заштита, како и правна помош за жртвите.

Во однос на регистрираните случаи, во 2021 биле идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, што многу повеќе во однос на претходната, 2020 година, кога биле регистрирани седум жртви. Од тие 48 лица, четириесет биле изложени на принудна работа, две лица биле принудувани на сексуални услуги, две за сексуални услуги и за принудна работа. Четири од откриените случаи, пак, биле жртви на принудна работа преку брак од изнуда. Од нив, 36 биле жени.

Според анализите од изминатите пет години, жени и девојки кои се жртви на трговијата со луѓе, биле присилени на сексуални услуги и принудна работа во ресторани, барови и ноќни клубови во земјава. Дел од овие жени и девојки биле транспортирани и во земјите на Западна Европа, каде се присилени на физичка работа и сексуални услуги.

Во извештајот се наведуваат и случаи од ромската заедница. Притоа се вели дека трговците, кои се најчесто роднини или блиски познаници на семејствата, ги експлоатираат децата преку нивно присилување да питачат, но и да даваат сексуални услуги преку принудни бракови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.