Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Јапонија, соопшти јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот, кој се случил во 11:36 часот по локално време, бил со епицентар во префектурата Аомори, на длабочина од десет километри под површината на земјата.
Нема податоци за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавено ни предупредување за опасност од цунами.
Пред три години, силен земјотрес ја погоди североисточна Јапонија, по што следеше и цунами кое ја оштети нуклеарната централа во Фокушима каде загинаа повеќе од 18.000 луѓе.