Активен пожар меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Според командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски, гори мешана шума (даб и бука), а дополнителен проблем на неговите колеги претставува ветрот кој е причина за ширењето на огнените јазици.
Пожарот е регистриран синоќа на сува трева од вработени во ЈП „Македонски шуми“, но попладнево е раширен поради ветерот. Според Руменковски, во моментов нема опасност по населените места во беровскиот регион, бидејќи огнената стихија е во планинскиот предел.
На терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“.
„„Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот, побарано е од Дирекцијата за заштита и спасување, а нашиот градоначалник го побара и специјалното возило за гасење на шумски пожари од Доброволното Противпожарно друштво во Пехчево“, вели Руменковски.