Патната инфраструктура во државата значително се подобрува. Се градат нови патишта, патарини има само на автопатиштата, а не и на експресните патишта, изјави денеска министерот за транспорт, Благој Бочварски при посетата на ГП „Табановце“.
„До пред неколку години воопшто не се дискутираше дека кон Прилеп ќе се гради нов експресен пат. Денеска тој експресен пат се гради. Имавме крајно лоша конекција со многу црни точки меѓу Штип и Радовиш. Денес возиме по нов експресен пат. Штип – Кочани, исто така. Се работи на автопатот Скопје – Блаце и уште многу други реконструкции. Наскоро започнуваме со реконструкции на делниците Битола – граница со Грција, Струга – Ќафасан, Велес – Градско, Велес – Катланово. Тоа се патни правци кои мораме да ги изфинансираме за да го следиме чекорот и ја подобруваме инфраструктурата нешто што во минатото не се правело. Денес со брзи чекори мораме да го достигнеме нивото што го заслужуваме“, рече Бочварски.
Тој кажа дека само на автопатиштата се поставуваат нови патарини.