НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција од „Жан Митрев“: Не се вршени клинички испитувања со хемофилтрацијата, ниту сме имале дозвола за тоа, ниту сме поднеле барање

0
By Sashko on July 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Со хемофилтрацијата не се вршени клинички испитувања, бидејќи за тоа ниту имавме дозвола, ниту, пак, поднесовме такво барање. Не секоја употреба на медицинско средство, во случајот хемофилтрација, може да се толкува како клиничко испитување. Се работи за научен труд со сублимирани лабораториски резултати“, се вели во реакцијата на Клиничката болница „Жан Митрев“ за актуелните случувања и наводните нелегални испитувања кои биле вршени врз пациенти на кои се алудира во документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, Истражувачката репортерска лабораторија.

Од таму посочуваат и дека за употребата на апаратот за хемофилтрација, филтрите, тие ги имаат сите дозволи од надлежните органи и документи од производителот. Тие ги охрабруваат државните органи да ги извршат потребните инспекции за „да се побијат сите невистини и небулози кои биле изнесени во јавноста“.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев Скопје во интегрална форма:

Во однос на досегашните напади и обвинувања со кои се соочуваме овие денови, би сакале да го истакнеме следното:

Во Клиничката болница Жан Митрев Скопје не се вршени клинички испитувања, а објавената публикација не е и не може да претставува клиничко испитување. Всушност, станува збор за научен труд со сублимирани лабораториски резултати и искуства од употреба на оваа метода за лекување. Клиничко испитување на медицинските средства претставува откривање, односно потврдување на безбедноста на медицинските средства, нивната корисност и усогласеност со општите и посебните услови во согласност со намената дефинирана од страна на прозиводителот, а спонзорот на клиничкото испитување или неговиот овластен претставник е должен да го пријави клиничкото испитување во Малмед.

Во овој контекст, Клиничка болница Жан Митрев Скопје ниту вршела проверка на безбедноста на медицинското средство за хемофилтрација (бидејќи тоа е обврска на производителот на медицинското средство), ниту пак е спонзор или овластен претставник за да може да пријавува, да бара или добива дозволи за вршење на клинички испитувања. Употребата на медицинското средство за хемофилтрација е начин на лекување, а секоја употреба на медицинско средство не е и не може да претставува клиничко испитување.

Пред се, ние лекувавме пациенти од последиците предизвикани од ковид-19 вирусот со сите дозволени ресурси, меѓудругото и со помош на хемофилтрација, метода која е меѓународно сертифицирана. За употребата на ова медицинско средство (филтри), Клиничката болница Жан Митрев Скопје има соодветни дозволи и одобренија од страна на надлежните органи кои ги набавија како купувач, согласно склучен договор за купопродажба, и ги употребувала како купувач – за лекување, а не како спонзор.

Според договорот за купопродажба на медицинското средство, Клиничката болница Жан Митрев Скопје не е определена како истражувачки центар, за што е потребно да има посебен договор со продавачот за клиничко испитување согласно соодветниот Правилник од Министерството за здравство, ниту пак е овластен подносител на пријава за клиничко испитување согласно законските прописи. Од продавачот на медицинското средство (апаратот) на Клиничката болница Жан Митрев Скопје му е предадено и Решение со кое се дозволува продажба и користење на тоа средство, што подразбира дека продавачот/производителот обезбедил соодветен документ за сообразност.

Оттаму, Клиничката болница Жан Митрев Скопје, како и другите здравствени установи кои купиле и користат вакво средство не се надлежни да вршат било какво испитување на ова средство чија употреба претходно веќе ја одобрил надлежен државен орган. Потенцираме дека податоците извадени од веб-страници во други држави и други здравствени системи не се предвидени како доказ дека се врши клиничко испитување според прописите за клиничко испитување во РСМ. Без оглед на тоа како некој сака да ги толкува нашите објавени стручни трудови и споделени искуства од лекување, тоа не претставува системско клиничко испитување.

Во однос на интрахоспиталните инфекции (ИХИ), појаснуваме дека Клиничка болница Жан Митрев Скопје, ги исполнува сите пропишани обврски за заштита на населението од заразни болести во однос на ИХИ односно: има донесена Одлука за именување на членови на Kомисија за интерхоспитални инфекции, има донесено Програма за контрола и превенција на ИХИ за 2021 до 2023 година, има изготвени Критерими за иницирање на истрага на ИХИ, врши контрола на хигиената, има изготвен План за контрола на ИХИ, Методологии за надгледување на ИХИ, систем за надзор на ИХИ, и ги поседува сите други пропишани поединечни акти според прописите за заштита на населението од заразни болести.

Клиничка болница Жан Митрев Скопје веќе 22 години работи согласно законите и прописите на оваа држава и така и ќе продолжи. Затоа сме згрозени од ваквиот исцениран јавен напад, со кој се злоупотребува трагедијата на одредени семејства, креирајќи комплетно искривен приказ на ковид-19 третманот на пациентите, медицинскиот пристап и институциите кои згрижувале тешко болни пациенти во време на пандемија.

Напоменуваме дека, во нашата здравствена установа се лекувани голем број на пациенти од ковид-19, а само кај дел од нив е користена хемофилтрација, по оцена на одговорните лекари за секој конкретен случај одделно. На пациентите кај кои не е вршена хемофилтрација им се вратени претходно авансираните парични средства за хемофилтрација, за што постои уредна книговодствена документација. Навистина не ни е јасно зошто не се пишува за сите оние успешно излекувани пациенти од ковид-19 кои биле примени со најтешка клиничка слика, а токму поради лекувањето со хемофилтрација нивните животи биле спасени. Продолжуваме крајно професионално и одговорно да ја извршуваме здравствената дејност во интерес на нашите пациенти.

Ги охрабруваме сите инспекциски органи, како и многупати досега да ги извршат сите потребни контроли и надзори, на кои ќе им биде доставена целокупната документација со која располагаме, со цел надлежните стручни органи да ги побијат сите невистини и небулози кои беа изнесени во јавноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.