Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиската полиција со претставка до Јавниот обвинител за начинот на извршениот претрес на ОЈО во нејзините простории

0
By Sashko on July 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 25, 2022 13:25

Управата за финансиската полиција поднесе претставка до Јавниот обвинител поради, како што се наведува во нејзиното соопштение, „суштествени недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапување при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето од рамките на законската пракса, како и неоснованоста за примена на мерката претрес што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја спроведе на 18 јули“.

„Од наша страна на истражителите од ОЈО ГОКК им беше дозволен непречен
пристап во просториите на Управата за финансиска полиција, како и непречено
извршување на наредбата, иако содржината на наредбата не ги исполнуваше
формалните и материјалните-суштински основи за истата да биде издадена“, се наведува во дописот на Управата за финансиска полиција.

Од наредбата, велат од Управата за финансиска полиција, воопшто не било јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој ја издал таквата наредба.

„Наведеното упатува на тоа дека при издавање на наредбата, од судијата на претходна постапка е запазена само формата, но не и суштината за
да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот. Од содржината на наредбата може да се констатира дека истата е воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување, што упатува дека подносителот на барањето за претрес- ОЈО ГОКК не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да
обезбеди“, посочуваат од Финансова.

Од таму нагласуваат дека со наведените дејствија е нанесена голема штета на
угледот на Управата за финансиска полиција, на сите вработени во Управата, на угледот и интегритетот на директорот на таа институција, како и „намалување на довербата на граѓаните на Република Северна Македонија во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.