Поради непристапноста на теренот донесена е одлука армиски хеликоптер да полета од Скопје и да го гаси пожарот на Криволак што избувна денес.
Според информацијата добиена од од противпожарната служба во Неготино, пријавен е пожар од поголем обем на полигонот Криволак.
Пожарот избувнал на стариот АБХ полигон на непристапен терен, најверојатно во ноќните часови. За пожарот којшто е од поголем обем се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот и нерамен терен. Според информациите таму е невозможно да се гаси пожарот од земја ниту со пожарникари ниту со војници. Инаку гори нискостеблеста шума.
Засега нема интервенција на истиот затоа што противпожарните служби не можат да пристапат до теренот, известуваат од ЦУК.
Пожарот е на границата на полигонот, на патот за Штип. Од Армијата велат дека се преземени мерки, известувања, за навреме да се реагира.