Против правно лице и неговите сопствениците од Холандија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против сопствениците В.Х.М.Р. и Р.В. од Холандија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење’’, се наведува во соопштението на МВР.
Како што посочуваат од МВР, второпријавената, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, во текот на 2021 година на две катастарски парцели во Прељубиште изградила монтажни објект без потребната документација.