Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен денеска најави оти наскоро планира да разговара со неговиот руски колега, Сергеј Лавров.
„Разговорот би требало да се реализира преку телефон во текот на оваа недела“, јави „Си-Ен-Ен“.
Тоа ќе биде прв разговор меѓу шефовите на дипломатиите на САД и на Русија од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари оваа година.
Блинкен на прес-конференцијата кажа дека нема да преговара со Лавров за Украина бидејќи, како што нагласи, САД не сакаат да расправаат за Украина со Русија без присуство на украинската страна.