Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 855 случаи на ковид-19 од 1.602 направени тестови.
Најголем дел од нив отпаѓаат на Скопје – 347, следуваат Битола со 77, Куманово со 55, Тетово со 45, Прилеп со 43, Кавадарци со 38, Велес, Охрид и Штип по 26, Струмица со 25, Кичево со 22, Гостивар со 17, Свети Николе со 14, Кратово со 11, Кочани со 10, Гевгелија со 9, Неготино со 8, Крива Паланка и Демир Хисар по 7, Ресен, Радовиш, Берово и Валандово по 6, Струга со 5, Дебар и Виница по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод по 2 и Демир Капија со 1.
Од вкупниот број на позитивни (855), регистрирани се 189 реинфекции.
Регистрирани сe 683 оздравени пациенти од: Скопје – 341, Кавадарци – 45, Куманово – 41, Тетово – 34, Велес – 33, Прилеп – 27, Битола – 23, Неготино – 21, Струмица – 15, Гевгелија – 14, Гостивар – 13, Ресен – 12, Кичево – 11, Свети Николе и Крива Паланка по 9, Кочани – 8, Охрид, Берово и Валандово – по 5, Кратово – 4, Демир Хисар – 3, Крушево – 2, Дебар, Богданци и Пехчево по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани две починати лица, по едно од Битола (85 год.) и од Кочани (71 год.), во периодот од 22 јули до 27 јули 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196.