Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпиц на туристичката сезона: Охридско-струшката ривиера преполна со луѓе, но и со отпад, комуналците чистат во три смени

0
By Sashko on July 31, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 31, 2022 13:26

Преполни чаршии, кафулиња и рестораните, а се бара и кревет повеќе во хотелските и во кај приватните сместувачки капацитети. Слична е слика и на плажите. Охрид и Струга го живеат шпицот на туристичката сезона. Пред Илинденскиот викенд по традиција ги наполни двата езерски града.

Бројните ноќни забави, фестивали, музичко-сценски перформанси во овој период од годината дополнитечно ги привлекуваат вниманието на многубројните домашни и странски туристи кои, покрај тоа, уживаат и во природните убавини, културните знаменитости и чистата езерска вода на охридско-струшката ривиера. Покрај домашните, најбројни се туристите од соседството, Холанѓани, Полјаци, Турци, итн.

Но, јавната свест кај дел од нив е на ниско ниво. Тоа го покажува сликата која ја оставаат зад себе со купишта отпад, остатоци и амбалажа од храна и пијалоци. Екипите на јавните комунални претпријатија се постојано на терен, во три смени и со зголемен број вработени ги извршуваат работните задачи за чистење на јавните површини и одржување на хигиената.

„Зголемен е бројот на вработени кои извршуваат работни задачи во три смени, секојдневно се врши празнење на сите корпи за отпадоци од јавни површини, а зголемена е динамиката на празнење на контејнери со цела можна работна сила и расположлива механизација. Со оглед на тоа што во овој период е констатирана поголема гужва, поставени се поголем број контејнери и корпи за отпадоци посебно во централното градско подрачје и по езерскиот кеј“, информира јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Високите температури и големата гужва во градот ги зголеми повициите на Брзата помош. Со засилени тимови постојано интервенираат на колапси, инфаркти, но и пијани пациенти.

„Бројот на интервенции енормно е зголемен. Работиме со појачани тимови, а најчесто интервенираме на колапси, каснати од инсекти, инфаркти, инфузии, сообраќајни незгоди, како и на многу пијани, пред се млади лица. Најмладите алкохолизирани пациенти имаат само 16 години, а драстично е зголемен бројот и на Ковид позитивни“, изјави дежурниот доктор во Брзата помош за МИА.

За безбедноста во градот се грижи полицијата, со посебен фокус елиминирање на можностите за нарушување на јавниот ред и мир.

„Во пресрет на Илинденските празници, активностите на СВР Охрид ќе бидат насочени кон одржување на, и онака, стабилната безбедносна состојба на целото подрачје, со посебен фокус на јавниот ред и мир, пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и домови и подигнување на безбедноста во сообраќајот и поставување сообраќајни пунктови на сите сообраќајници во градот, приградските и туристичките населби а посебно на авто патот во изградба Охрид-Кичево. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, континуирано презема мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.