НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски со порака од Тетово: Подготвуваме нови антикризни мерки, Министерството за финансии работи на нив и во неработен ден

0
By Sashko on July 31, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и за граѓаните и штом ќе бидат изготвени ќе бидат презентирани на јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово.

„Министерството за финансии и во моментот, на неработен ден, работи на дефинирање на конкретни мерки“, изјави Ковачевски.

Потсети дека во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра, како и дека веќе започна дијалогот со стопанските комори и компаниите за обезедување на електрична енергија.

„И кога го конципиравме ребалансот на Буџетот, јасно кажавме дека се предвидени 76 милиони евра. Започнавме дијалог со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, пред сè, во однос на снабдувањето со електрична енергија. Исто така првите одлуки се донесоа и во однос на обезбедувањето на топлинска енергија за Градот Скопје, како и на електрична енергија за сите граѓани и компании во државата. Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата“, изјави Ковачевски.

Премиерот потсети дека Северна Македонија стопроцентно се обезбедува со гас од Русија и затоа ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори.

„Затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави за тоа. Доколку се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент, исто така, веќе сме во разговори и со Европската комисија за обезбедување на електрична енергија. Компаниите од електроенергетскиот сектор веќе работат на обезбеудвање на потребната ликвидност како и на потребните суровини за непречено производство на електрична енергија“, рече премиерот Ковачевски, кој беше на почетокот на кампањата за изборите за членови на совет на Тетово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.