НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгаснати 12 пожари во изминатото деноноќие, во моментот нема активни, велат од ЦУК

0
By Sashko on August 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во изминатото деноноќие се изгаснати 12 пожари и во моментот во земјава нема активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила, синоќа од 18:05 до 21 часот, го гаснеле пожарот на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“ – Раштански лозја, каде гореше сува трева.
Пет пожарникари со едно противпожарно возило синоќа од 19:20 до 19:40 часот го гаснеле пожарот во општина Бутел, на улица „Ферид Бајрам“, каде горела сува трева.
Изгаснат е пожарот во близина на автопат Скопје – Велес, каде гореше сува трева и дрва. На оваа локација интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило од  21:50 до 22:50 часот.
ЦУК утрово информира дека се изгаснати пожарите во општините Градско, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово и два пожара во Куманово.
Во општина Градско, во село Ногаевци горела ниска вегетација, шавар, багрем, и јасика. Пожарот е изгаснат од пет пожарникари со едно противпожарно возило, во период од 14 од 18:15 часот.
Во село Курбиново, Ресен, горела ниска вегетација и јаболкови насади. Интевенирале 15 пожарникари од ТППЕ Ресен со пет противпожарни возила, едно возило за дотур на вода од комунално претпријатие, едно возило и осум вработени од „Национални шуми“, едно возило и четворица ренџери од Ренџерска служба, едно возило и двајца вработени од Национален парк – Пелистер, едно возило и еден вработен од општина Ресен и месното население. Се интевенирало синоќа, од 20:45 до 00:45 часот. Се работи за површина од десет хектари.
Изгаснат е пожарот во Битола, кај стариот млин на патот Битола – Прилеп, каде гореше стрниште. Пожарот го гаснеле двајца пожарникари со едно противпожарно возило.
ЦУК информира дека се изгаснати и пожарите во село Горно Агларци, општина Новаци, во село Варош, општина Прилеп, во село Пештани, општина Охрид.
Изгаснат е пожарот во Тетовско, кај селата Беловиште кон Куново, каде горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило и четворица вработени од Национални шуми – Шар.
Во близина на автопатот Скопје – Куманово горела ниска вегетација, а од 19:20 до 20:25 часот интервенирале тројца пожарникари со едно протвпожарно возило.
Изгаснат е пожарот во Куманово, кај Пчински пат, каде горела сува трева. Од 14:10 до 16 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.