Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска на заедничка средба во Њујорк во центарот на вниманието ќе го стават прашањето за спорот со името меѓу Атина и Скопје.
Грчките медиуми предупредија дека името Македонија ќе биде во фокусот на оваа средба и разговорите меѓу шефот на грчката дипломатија и првиот човек на ОН.
Според канцеларијата на Бан Ки Мун посочуваатдека освен проблемот со името, ќе се дискутира и за кипарското прашање веднаш по претседателските избори, како и теми поврзани со безбедноста и стабилноста во Западен Балкан.
Грчкиот министер за надворешни работи, по втор пат ќе се состане со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, по добивањето на неговиот мандат.