Девојка на возраст од 23 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер околу 21:50 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, информираат од тетовската полиција.
„Патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П. (49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.