НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР со целосна поддршка на работата на Историската комисија и вечерашните препораки

0
By Sashko on August 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.

Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект.

„Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата. Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји. Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји“, наведува Министерството.

Во соопштението се посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.

„Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза“, се додава во соопштението на МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.