На граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час за излез и влез во државата, а на граничниот премин „Богородица“ околу 40 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.