Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, а од пладневните часови и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално ќе има услови за невреме со пообилен дожд, со силни електрични празнења и ветар и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 5.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови, во делови од скопската котлина ќе има услови за повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Mаксималната температура ќе достигне 29 степени.