Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мир: Притисоците да продолжат, Томислав Кежаровски не смее да се заборави

0
By Нова ТВ on October 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 15, 2014 16:26


Извршниот директор на организацијата „Репортери без граници“ во германската секција – Кристијан Мир, во интервју за НОВА зборува за притисоците врз медиумите во Македонија, за пресудата од 4 ипол години – затвор за новинарот Томислав Кежаровски кој на 24 месецов го чека одлука од Апелацијата, како и за медиумската состојба како важен момент за членство на земјата во ЕУ

НОВА:Репортери без граници го надгледуваа изборниот процес во Македонија годинава. Кои се вашите заклучоци?

Во суштина не гледаме промени во ситуацијата, се уште е присутен притисокот во медиумите, „Фокус“ е уште еден пример, Томислав Кежаровски е се уште во притвор, се уште нема транспарентност во рекламирањето, не гледам никаква реална промена.

НОВА:Го споменавте Томислав Кежаровски. Како вие како организација можете да помогнете за подобрување на состојбата со новинарите во Македонија?

Нашата главна задача е да го покренеме нивото на свест во јавноста и јавниот притисок за состојбите. Ние сме глобална организација на новинари создадена од новинари за новинарите која се бори за човековите права, за слобода на печатот и наша задача е секогаш да го споменеме името на Томислав Кежаровски во политичките разговори и во кампањи, да помогнеме да не се заборави неговиот случај и да ја покренеме свеста дека Македонија мора да ги почитува европските вредности, ако сака да влезе во Европа.

НОВА: Колку слободата на изразување и медиумската транспарентност е важна за влез на Македонија во Европската Унија?

Би рекол дека слободата на печатот и слободата на изразување се основен предуслов за развојот на другите права, бидејќи луѓето имаат право да бидат информирани за уживање на останатите права. Ако сакам да ја прашам Владата за нејзините надлежности, потребни ми се информации и затоа слободата на информираност и слободата на медиумите е клучна.

НОВА: Кои се вашите препораки за новинарите и медиумите во Македонија?

Новинарите треба да бараат од Владата, нивните права да бидат почитувани и треба да изградат солидарност помеѓу самите нив. Треба да бидат храбри. Има добри новинари во Македонија и сакам да ги охрабрам да продолжат со истражувачко новинарство дури и ако се под закана и да ја сфатат својата работа сериозно. Да ги охрабрам новинарите кои се занимаваат со корупција и организиран криминал, кој се сериозни проблеми во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.