Два воени воздухоплова од типот Б52 на Воздухопловните сили на САД во Европа и во Африка, попладнево во 14:35 часот, како што беше и најавено, извршија прелети над Скопје.
Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, го демонстрираа силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.