Целиот демократски свет ќе го прослави Денот на независноста на Украина, прослава ќе има и во Скопје.
Денот на независноста на Украина оваа година нема да биде одбележан само во Украина. Целиот демократски свет ќе го одбележи овој датум.
Илјадници организации, институции и активисти од целиот свет веќе објавија програма со активности со кои ќе го одбележат Денот на независноста на Украина, на кои ќе упатат пораки на поддршка на херојскиот отпор на Украинките и Украинците против руската брутална агресија. Во Скопје ќе биде одбележан на 24 август (четврток) во 14 часот.