НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се санираат штетите од поројниот дожд и поплавите во Долнени, во Тетово и во Виница

0
By Sashko on August 23, 2022 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се работи на отстранување на штетите од синоќешните обилни врнежи од дожд што ги зафатија општините Виница, Долнени и Тетово. Во Виница се поплавени над 60 објекти и таму речиси е завршено испумпување на водата од станбените објекти. Се работи на инфраструкатурата во урбаното подрачје на градот и во текот на денот се очекува да биде завршено, доколку нема нови врнежи на дожд, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Екипи на ТППЕ Виница синоќа биле на терен до 23 часот, при што имале вкупно 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта. Во најголем дел штетите се санирани, а во моментот се на терен со две пумпи и тројца пожарникари на пријава на еден деловен објект.

„Градоначалникот известува за почеток на пријава на штети во службите на Општина Виница, како и брзо интервенирање на Комисијата за процена на штети и најавен е и состанок на Општинскиот кризен штаб. Екипа на ЈП „Солидарност“ Виница со едно возило и три лица се на терен за санирање на затнати водотеци на реките и шахтите, како и чистење на наноси од улиците. Пријавена е и интервенција на поединци со сопствени пумпи за санирање на поплавени подруми. ДЗС ПО Виница преотстапи три пумпи на ТППЕ Виница во период на траење на интервенциите“, соопшти ЦУК.

Село Лажани, Општина Долнени синоќа беше зафатено со поплави од поројни дождови. Од ЦУК посочуваат дека се работи за долниот дел од селото, каде поминува терцијалниот канал кој, како што велат, од низа причини бил стеснет од ф-1000 на ф-100 и ф-200. Се работи за дел каде се приватни станбени куќи заради можност да се премости влезот над каналот.

Во Лажани струјата беше исклучена и дел од жителите на селото беа евакуирани. Во Лажани беа зафатени над 30 објекти и сè уште се работи на расчисатување. Од ЦУК информираат дека ако нема пообилни врнежи од дожд, во текот на денот се ќе биде под контрола.

Жителите на Лажани информираат дека веќе состојбата се нормализира.

Обилни врнежи на дожд по 20 часот синоќа имаше и во урбаниот дел на Тетово, а исто така и во Мала Речица. Од ЦУК информираат дека имаше евакуација на десетина луѓе, кои се сместени на безбедни места се додека не се испумпа водата од нивните објекти.

Од ЦУК соопштија дека утрово во 2:30 имаше проблем со селото Ѓермо, каде од силниот порој од водата од планинскиот дел беше уништен ѕид од една куќа, а некои автомобили се блокирани. Жителите бараат надлежните органи што поскоро да преземат мерки. На терен се екипите на општините, на ЦУК, на ДЗС, на ТТПЕ, СВР Тетово и дриуги, се работи со градежна механизација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025
ФОКУС

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15…

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.