Времето претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и во ноќните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринските температури ќе бидат во интервал од 13 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 24 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде претпладне сончево, со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и електрични празнења. Утринската температура ќе се искачи до 17 степени, а дневната ќе достигне 28 степени.
И утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветар и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.