Од 1.131 направен тест во изминатите 24 часа се регистрирани нови 381 случај на ковид-19 од кои 80 се реинфекции. Во изминатото деноноќие починале две лица, а согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се евидентирани четири починати пациенти во периодот од 18 до 21 август.
Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 173 од новите случаи се евидентирни во Скопје, во Битола – 36, во Прилеп – 24, во Кавадарци – 16, во Куманово и во Гевгелија – по 15, во Кочани – 10, во Велес и во Охрид – по девет, во Струмица – осум, во Гостивар и во Штип – по седум, во Радовиш и во Делчево – по шест, во Кичево, во Неготино и во Берово – по пет, во Тетово и во Валандово – по четири, во Свети Николе – три, во Ресен, во Крива Паланка, во Дебар, во Крушево и во Демир Капија – по два и по еден во Струга, во Виница, во Македонска Каменица и во Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (58 год.) и од Охрид (67 год.) кои починале во болнички услови. Преку Регистарот од „Мој термин“, од 18 до 21 август починале четири лица од Скопје (62 год.), од Кочани (73 год.), од Свети Николе (86 год.) и од Ресен (64 год.).
Во изминатото деноноќие се регистрирани 775 оздравени пациенти.
Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 338.929 од направени 2.145.675 милиона тестирања на ковид-19. Оздравеле 326.990, починале 9.461, а активни случаи има 2.478.