НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска останува суспендирана, Советот на ЈО едногласно го потврди решението на Јовески

0
By Sashko on August 25, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија го потврди решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава, со кое шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска се оддалечува од функцијата додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од поранешниот директор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата.

Седницата, за време на дискусијата по жалбата на Русковска, беше затворена за јавноста, а претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, образложувајќи ја одлуката пред новинарите рече дека врз основа на фактите и околностите, Советот одлучил дека додека се води кривичната постапка за постапувањето при претресот и по предметот, Русковска би требало да биде оддалечена од работа со цел да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по предметот.

Јолевски, исто така, изрази очекување постапката во ОЈО Скопје да заврши брзо и дека ова оддалечување нема да трае долго време.

Советот на јавни обвинители на вчерашната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Русковска да се отфрли како неоснована. Советот одлучуваше со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси.

Причина за овие „непријатни состојби“, според Јолевски, е несоработката меѓу двајцата обвинители – Русковска и Љубомир Јовески.

Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јолевски, според тоа што е доставено до Советот на ЈО, не добил информација во врска со претресот, ниту за доказите, иако согласно задолжителното упатство, иако сите Основни јавни обвинителства се должни да го информираат јавниот обвинител со цел координација во работењето, што овде не било случај.

Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на 16 август, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Јовески поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

„Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“, соопштија од Јавното обвинителство.

Надлежна за дисциплинската постапка е дисциплинската Комисија во ОЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.