Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 313 нови случаи на ковид-19 од 972 теста, две лица починаа, додека 364 пациенти оздравеле.
Нови случаи на ковид-19 се евидентирани во Скопје – 154, во Битола – 35, во Куманово – 18, во Кавадарци – 16, во Прилеп – 14, во Гевгелија – 10, во Охрид и во Крива Паланка – по 7, во Велес, во Штип и во Кочани – по 6, во Струмица – 5, во Струга и во Делчево – по 4, во Гостивар – 3, во Кичево, во Неготино, во Ресен, во Кратово, во Богданци и во Демир Хисар – по 2, во Тетово, во Радовиш, во Берово, во Виница, во Крушево и во Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени и две починати лица од Скопје (85 год. и 83 год.). Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се пет починати лица од Битола (84 год.), од Валандово (71 год.), од Кратово (68 год.), од Охрид (73 год.) и од Скопје (88 год.) во периодот од 6 до 23 август.
Досега во земјата се направени вкупно 2.146.647 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.240, бројот на оздравени пациенти е 327.354, на починати е 9.468, а бројот на активни случаи изнесува 2.418.