НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанската Комора со барање до власта: Државата да се задолжи за да помогне, бизнисот ќе врати

0
By Sashko on August 27, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конкретни мерки за поддршка на претпријатијата, како и план за зголемување на енергетската ефикасност испорача Сојузот на стопански комори (ССК), од каде предупредија дека ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната енергија на берзите претставува закана за опстојувањето на најголем дел од деловните субјекти.

„Отворениот енергетски пазар во глобални рамки е надвор од контрола. Не постои производ или услуга која може да поднесе цена на струја од 600 или 700 евра за мегават час, односно не постои компанија што може да го покрие овој трошок без многу сериозни последици. Исто така, домашните производи со овие цени на електричната енергија се целосно неконкурентни на надворешните пазари, бидејќи во соседните земји струјата се продава по цени кои се движат помеѓу 50 и 85 евра за мегават час. Слободниот енергетски пазар не треба да значи и пазар без никаква контрола, рече на прес-конференција Трајан Ангелоски, претседател на ССК.

Тие предлагаат цената на електричната енергија да се ограничи, односно до одредено ниво да ја плаќаат компаниите, a над тоа ниво да ја плаќа Владата преку фондови за енергетска кризна состојба. Ваков тип на субвенции, посочија од ССК, постојат во повеќе европски држави. Од Комората сметаат и дека во ваква кризна состојба треба да се овозможи приклучокот на фотоволтаичните електрани да може да се направи само со енергетска согласност доколку постојат технички услови, а во дополнителен рок од 120 дена да се обезбедат сите останати дополнителни документи. ССК, исто така, очекува ЕЛЕМ да обезбеди дополнителни кочини на електрична енергија од домашно производство за слободниот пазар и на тој начин да се намали цената на струјата.  Со сегашната цена на струјата, според ССК, домашната економија е неконкурентна во однос на останатите.

Мерките на ССК за зголемување на енергетската ефикасност, предвидуваат оданочување со повисок данок на стариот тип на светилки со вжарено влакно, кои во продавниците треба да се одвојат на посебен рафт и да се обележат како енергетски неефикасни. Потребно е да се реконструираат сите енергетски неефикасни државни објекти со замена на прозорци, фасади и покриви. Се предлага во Законот на градење да се изврши измена со која при градбата на нови објекти задолжително ќе постои обврска за монтирање на енергетски ефикасни решенија и фотоволтаици на покривите. Потребно е да се класифицираат и новите градби според степенот на енергетската ефикасност и еден дел од комуналните давачки да се одредува според енергетска класа на објектот.

Раководството на ССК оцени дека енергетската криза ќе трае и побара државата да се задолжи за да помогне, а како што потенцираа, бизнисот тоа ќе го врати.

Помош претходно побараа и од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) преку укинување на ДДВ-то за струја и замрзнување на цената на електричната енергија по примерот на соседните земји. И СКСЗМ побара да се забрзаат постапките за инсталација на фотоволтаици, но и да се пренамени поголемиот дел од средствата од капиталните расходи за тие да се инвестираат во обновливи извори на енергија со цел максимално да се искористи целиот државен капацитет за производство на струја.

Од Стопанската комора на Северна Македонија, пак, како што објавија уште во јули, а барањето го повторија и месецов, исто така, сметаат дека е потребно да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси. Набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ „Неготино“, според нив, треба да има апсолутен приоритет веднаш.

„За да може да се обезбедат нови количини на мазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена, за да не се случи недостиг на пазарот“, наведоа меѓу другото во своите барања од Стопанската комора.

Најавеното ново поскапување на цената на струјата, според директорот на Електрани на Северна Македонија Васко Ковачевски, ќе биде што е можно најниско, а рестрикциите, уверува дека не се опција.

„Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас. Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки. Блок тарифите ги завршуваат работите“, изјави Ковачевски во телевизиско гостување.

Ковачевски вчера, на свеченост по повод Денот на рударите во РЕК Битола, истакна дека ЕСМ е подготвен и за претстојната зимска сезона и сите вработените вложуваат максимални напори системот да работи со целосна снага и да биде функционален.

На истата свеченост министерот за економија Крешник Бектеши порача дека сега е време кога сите треба да покажат дека вистински сакаат да се штеди електрична енергија, за се намали притисокот врз ЕСМ, кој како што нагласи сега работи со 20 отсто зголемено производство на електрична енергија.

Како што порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи по завчерашната средба со стопанствениците во Владата не очекува тешка зима, а сите ќе бидат одговорни за одлуките што ќе се носат.

„Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме“, изјави Битиќи.

За задолжувањето во тековните услови и кризи вчера се огласи и премиерот Димитар Ковачевски, кој нагласи дека со Министерството за финансии имаат определба да водат исклучително одговорна политика за јавниот долг.

„Задолженоста на државата на 30 јуни е 55,4 отсто јавниот долг и 46,7 отсто државниот долг, што значи дека ние сме под Мастришкиот критериум од 60 отсто кој во услови на корона криза, продолжена економска и енергетска криза и војна во Украина веќе голем дел од државите го имаат надминато, и во соседството, освен Бугарија, а некои го имаат надминато и за повеќе од два пати, рече Ковачевски.

Поради енергетската криза веќе има 100 милиони евра кредит за поддршка на ликвидноста на Електростопанство, а во процедура е и задолжување од 50 милиони евра заради пониските каматни стапки во однос на различните кредитори. Во однос на издавањето еврообврзница и дали ќе се оди со други начини на финансирање,  премиерот рече дека се испитуваат сите опции на дневно ниво, со оглед на ранливоста на финансиските пазари на исклучително високото ниво на каматни стапки во изминатиот квартал. Задолжувањето, ветува, ќе биде од извори кои овозможуваат поголема рочност и најниско можно ниво на каматните стапки.

Владата завчера прогласи криза состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на национално ниво, што ќе биде во сила од 1 септември. Од тој датум треба да почне и примената на мерки за штедење кои се обврска за државните институции а препорака за домаќинствата, а со кои владиниот кабинет очекува да се овозможи заштеда на струја од 15 проценти.

Како што информираа завчера од Владата, Комисијата за јавно-приватен дијалог ќе стане кризно тело преку кое со бизнис секторот заеднички ќе делуваат за справување со енергетската криза. Планот за производство на АД ЕСМ за годинава е направен со зголемување од 25 отсто во споредба со минатата година и со тоа, според Владата, ЕСМ ќе ја произведува целата електрична енергија која им е потребна на граѓаните и на малите потрошувачи, и нема потреба да купува струја. Дополнително, сите производствени капацитети од домашното производство ќе се стават во функција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.