НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕВН влезе во Арачиново: Се санира дефектот со струјата, се местат броила надвор од дворовите, градоначалникот побара почесто да доаѓаат

0
By Sashko on August 29, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екипи на ЕВН денеска влегоа во Арачиново и работат на отстранување на дефектите кои поголем дел од Општината го оставија без струја. Паралелно со тоа, ќе се поставуваат и броила надвор од дворовите на куќите за, како што велат надлежните, „подобра евиденција и контрола на користењето на електричната енергија“.

Вработените на ЕВН во Арачиново беа во придружба на припадници на Агенција за обезбедување. Полициски припадници немаше, според информциите од терен, состојбата била мирна и без проблеми со локалното население. Градоначалникот на Општината, Ридван Ибраими апелира до компанијата за почесто присуство на нејзини екипи во Арачиново во иднина, во насока на нормализирање во снабдувањето на жителите со електрична енергија.

Жители на Општина Арачиново сметаат дека дефектот со снабдување со електична енергија го предизвикала опожарена бандера. Според екипите на ЕВН, кои излегоа на терен и вршеа проверка на броилата, причините може да лежат во атмосферските услови, меѓутоа не исклучуваат и преоптоварување на мрежата.

Од ЕВН минатата недела соопштија дека штетата што се предизвикува со „дивите“ приклучоци на мрежата изнесува шест милиони евра на годишно ниво.

„Во првата фаза се прави инспекција на мрежата, по што ќе следува реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на дефектите кои беа резултат на нелегалните приклучувања во мрежата“, вели Вјоса Селими, портпарол на ЕВН, за Алсат ТВ.

Покрај арачиновци, од ЕВН Хоум како најголеми неплаќачи на сметките за електрична енергија се посочени и жителите на Сарај, на Студеничани, на Грчец, на Крушопек, на Серава и на Синѓелиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.