НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров ќе отвора 36 Центри за лекување на депресија

0
By Менче Атанасова Точи on October 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Центри за депресија во Здравствените домови низ цела држава, ќе отвара министерот за здравство Никола Тодоров. Во секој Центар ќе работи по еден психијатар, со цел превенција на депресијата и стигматизацијата. Потребата од вакви Центри, според надлежните била неопходна поради растечкиот тренд на депресијата во светот и кај нас за што главна причина на настанување се наведуваат псхичките и социјалните фактори од нашето опкружување.

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за психијатрија изготви акциски план за отворање на центрите за депресија.
Во првата фаза на проектот, до крајот на месец октомври, ќе бидат отворени вкупно 7 центри, и тоа во поликлиниките во Букурешт, Јане Сандански, Ченто, Ѓорче Петров, како и во Битола, Демир Хисар и Велес.

Дополнително во трите последоватилни фази, кои се планира да завршат до февруари идната година ќе бидат отворени уште 29 Центри за депресија.

-Големиот број на Центри за депресија кои ќе им бидат на располагање на граѓаните, очигледно ќе бидат малку за да ги задоволат потребите на граѓаните, кои тонат во депресија и нерасположение поради сиромаштијата и безидејноста, коментираат психијатри за НОВА.

Воведувањето на 36 Центри за депресија е нов проект на Министерството за здравство. Но, дел од старите проекти кои се ургентно потребни се уште не се реализирани.

Во Македонија нема КОМА Центар. НОВА во повеќе наврати известуваше дека болните кои се во кома со месеци или години нема каде да престојуваат. Најчесто семејствата ги чуваат дома, поединечни случаи се сместуваат во Геријатрија, некои семејства успеваат да издејствуваат времено да ги сместат болните во болница. Трајно решение нема, а државата е единствена земја која се уште го нема решено овој проблем.

Основање на КОМА центар, беше приоритет и на оваа Влада. Иако во програмата за подигање на квалитетот на здравствените услуги стои дека КОМА центар ќе биде отворен до декември минатата година, од тоа се уште нема ништо.

Се уште нема ништо и од најавата за основање на транспарентна комисија за лекови на позитивната листа која беше најавена уште пред две години. Позитивната листа за лекови се уште не е сменета и во неа се наоѓаат лекови кои се одамна исфрлени од употреба во другите земји, а нема внесено нови современи лекови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.