НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Над 60 отсто средношколци потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училиштата

0
By Sashko on September 6, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дури 62,7 проценти од учениците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училиштната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо. Според учениците, во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството, покажуваат наодите од истражувањето на тинк тенк организацијата „Аналитика“ спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици од три средни училишта  во Скопје со мешан етнички состав – „Здравко Цветковски”, „Зеф Љуш Марку“ и „Шаип Јусуф”.

„Наодите од истражувањето даваат поразителна слика за тоа колку и во каков облик се јавува насилството. Високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои незнаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи“, наведуваат од „Аналитика“.

На прашањето „Дали сметате дека наставниците посветуваат доволно време за едукација на учениците за превенција и справување со насилството“, висок процент, односно 82,3 отсто од учениците, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација.

Речиси во сите училишта постои кодекс на однесување, како и кодекс за постапување при насилство. Но, сепак, посочува „Аналитика“, не е препознаен или не им е презентиран на учениците на начин на кој би требало.

„Кај 43 проценти од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од наставниците во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето безбедна училишна средина“, се наведува во истражувањето.

Бојана Мијовиќ-Христовска од „Аналитика“ кажува дека согласно истражувањето, високи 83,6 отсто покажуваат дека девојчињата се почести жртви на родово базираното насилство во училиштата.

„Родово базираното насилство како и родовата рамноправност се уште претставуваат една од најгорливите теми во нашата заедница, па и во училиштата. Кога зборуваме за нашето општество, можеме и да додадеме дека родово базираното насилство се третира како табу-тема, отсуствува едукација, како и помош и поддршка на младите девојки“, вели Мијовиќ-Христовска.

Тамара Мијовиќ-Спасова од „Аналитика“ смета дека за да се спречи насилното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата.

„Од добиените одговори забележуваме дека 60 отсто од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности кои имаата цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив и да создадат безбедна и здрава околина“, смета Мијовиќ-Спасова.

Од „Аналитика“ посочуваат дека образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел негово спречување. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата.

Спасова додава дека е потребно на учениците да им се овозможи да учествуваат во донесување на правилата во училиштето, бидејќи и на тој начин тие ќе партиципираат и подобро ќе ги разберат и почитуваат.

„Потребно е стручната служба да работи на развој на конкретни програми за подигање на свесноста за постоење на насилството, на многу повисоко ниво. Потребна е едукација на учениците за превенција од насилство, што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата. За таа цел, клучно е континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел тие да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима“, наведува „Аналитика“.

Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија”, што го спроведува „Аналитика“ – Скопје, со финансиска поддршка од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.