Еврокомесарот за проширување Штефан Филе испрати писма до премиерот Груевски и до лидерот на СДСМ, Црвенковски во кое се изразува длабока загриженост за ситуацијата во Македонија, изјави денеска на прес конференција Петар Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Тој нагласи дека до решение мора да се дојде преку политички дијалог и компромис. Стано вели дека најважно е да се знае дека без никакво сомнение ЕУ стои на страната на Македонија и се залага за нејзино евроинтегрирање.
НОВА го објавува ставот на еврокомесарот Филе:
„Ние сме подготвени да се вклучиме со политичките чинители во изнаоѓање решение добро за земјата, но треба да се види волја од нивна страна. Според сегашните околности не гледаме отвореност за ова прашање. Ние не се откажуваме од поранешната југословенска Република Македонија и комесарот е подготвен да оди таму во секое време кога вистинските услови за посета се создадени од страна на политичарите“
На прашањето како Македонија да ја надмине политичката криза и бојкотот на изборите од страна на опозицијата, Стано нагласи дека решението е во Скопје не во ЕУ.