НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетовчанец со тешка срцева болест шест месеци чека за боледување

0
By Менче Атанасова Точи on October 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Војо Младеновски има 61 година и тешка болест на срцето. Тој денеска по којзнае кој пат дојде во Министерството за здравство, за како што вели, да му биде исправена неправдата и да му го продолжат боледувањето кое му е прекинато бидејќи е неспособен за работа.

Здравствената состојба на овој човек е тешка. Неговото срце функционира само 25 проценти од вкупниот капацитет.

– По незнам кој пат дојдов да ми се продолжи боледувањето, односно Министерството да ми издаде конечно решение. Се работи за боледување кое Лекарските комисии во Тетово неправедно ми го прекинаа, изјави за НОВА, видно вознемирен и тешко дишејќи, Младеновски на излегување од Министерството за здравство.

Тој го достави барањето во архива, но никој од кабинетот на министерот Тодоров не го прими денеска.

Поради лошата здравствена состојба и вториот инфаркт кој го преживеал, по препорака на кардиолозите, Младеновски бил на боледување од ноември минатата година. Но, првостепената и второстепената Лекарска комисија во Тетово во април годинава му го прекинале боледувањето и процениле дека е способен за работа.

Младеновски во мај годинава поднел барање во Министерството кое било под мониторинг на Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Транспарентност интернешенел. По три месеци му било одговорено позитивно на барањето, со препорака Фондот за здравство во Тетово да го продолжи боледувањето и да ги исправат неправилностите.

Но, во ФЗО од Тетово не ја почитувале одлуката на Министерството за здравство и решението го одбиле како неосновано. По ова, Младеновски во септември поднел уште една жалба во Министерството за здравство и тогаш министерот Тодоров формирал комисија од тројца кардиолози за да се произнесат за случајот. Кардиолозите само ја потврдиле неговата здравствена состојба и процениле дека неправедно е прекинато боледувањето.

Младеновски во придружба на неговата сопруга дојдоа да го побараат конечното решение од министерот Тодоров, а сакаа да замолат и да се забрза постапката бидејќи здравствената состојба постојано му се влошува.

Од таму си заминаа без одговор.

Младеновски работи како наставник, со деца од прво до четврто одделение. Тој вели дека поради неговата болест и децата се изложени на стрес доколку падне и му слоши пред нив.

Овој човек бил одбиен и од комисијата за инвалидска пензија.

Младеновски е жртва на системот во кој институциите си ја префрлаат топката едни на други. Но, и типичен пример каде институциите не ги почитуваат донесените одлуки.

Неговата голгота продолжува, а дополнителниот стрес поради оваа ситуација, само ја влошува неговата и онака тешка здравствена состојба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.