НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Грција е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во овие тешки времиња

0
By Sashko on September 13, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со премиерот Димитар Ковачевски истакнал дека Грција е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во овие тешки времиња и може да придонесе во диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста, информираат од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, двајцата лидери ја потврдиле нивната волја за продлабочување на билатералните односи, а акцентот бил ставен на енергетската криза.

„Двајцата лидери разговараа за перспективите на повеќестепената соработка во енергетската област, особено во инфраструктурата, како и за потребата за диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста. Премиерот истакна дека Грција може да придонесе во оваа насока поради инфраструктурите што се развиваат на енергетската мапа и нејзината позиција во корист на енергетската безбедност на регионот, истакнувајќи ја на овој начин лидерската улога во Југоисточна Европа“, информираат од кабинетот на Мицотакис.

Дополнително, Мицотакис му честитал на Ковачевски за неодамнешното свикување на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ и ја потврдил поддршката на Грција на пристапниот пат на земјата „врз основа на поставените критериуми, почитувањето на добрососедските односи и целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа, како дел од пристапниот процес“.

Мицотакис во почетокот на средбата истакна дека денеска имаат многу работи за кои ќе разговараат, ја повтори грчката поддршка за патот на Северна Македонија кон ЕУ, но и во однос на енергетската криза.

„Би сакал да повторам дека Грција е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во овие толку тешки времиња. И верувам дека е во взаемен интерес остварување на инвестиции на грчки компании во Северна Македонија со цел да ги поврземе нашите инфраструктури на таков начин што ќе доведе до зголемување на енергетските врски меѓу нашите земји“, порача грчкиот премиер во дијалогот на почетокот на средбата со Ковачевски.

Премиерот Ковачевски рече дека „многу сме подготвени за зимата, но особен интерес за нас имаат тесните врски со Грција, особено во однос на снабдување со материјали, производство на електрична енергија за да продолжат да работат во зимото и пролетта“.

„Исто така, да продолжат успешните грчки инвестиции во Северна Македонија, особено во енергетскиот сектор. Знаете и нашиот народ знае дека веќе донесовме одлуката да учествуваме во проектот за терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи. Во исто време, во тек се студии за интерконекцијата со Грција, што ќе ѝ даде можност на мојата земја да ги диверзифицира своите извори на енергија. Дополнително, новите енергетски капацитети за покривање на идните потреби на Северна Македонија се поддржани во многу голема мера од грчки инвеститори. И како што гледаме сега, во фаза на подготовка се инвестиции во вредност од една милијарда во енергетскиот сектор се на цевковод. Затоа, како две соседни земји, верувам дека можеме да бидеме пример за добрососедски односи, не само во регионот, туку и во цела Европа“, истакна премиерот Ковачевски на почетокот на средбата со неговиот грчки колега во Атина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.