НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбиен планираниот референдум на ВМРО-ДПМНЕ – иницијативата е неуставна за власта, одлуката на Џафери е неоснована за опозицијата

0
By Sashko on September 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата е во сoгласност со чл. 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

Џафери во одговорот до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наведе дека граѓанската иницијатива за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година), не е во согласност со член 118 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот на Република Северна Македонија.

„Во член 118 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Во членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија е и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право“, стои во одговорот од Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на Џафери, порачаа дека иницијативата за распишување референдум што ја поднесоa не е противуставна.

„Претседателот на Собранието Талат Џафери ниту има право да ја толкува, бидејќи тоа е надлежност на Уставниот суд, ниту пак има основ да ја отфрли“, рече Дафина Стојановска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Стојановска нагласи дека со иницијативата не се бара менување на меѓународен договор, туку престанок на неговата важност. Со одлуката да се одбие иницијативата, како што рече, власта прави правни гимнастики за да избегне народ и да го избегне неговиот став за договорот. Спорен е и фактот, посочи, што претседателот на Собранието Талат Џафери денеска противправно си ја доделил улога на уставен судија.

Според Стојановска, ваквата одлука на власта, само дополнително ќе ги заостри односите во Собранието и ќе ги зголеми поделбите и порача дека за сето ова единствено одговорна ќе биде власта.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски рече дека ја поддржуваат одлуката на претседателот на Собранието да ја одбие иницијативата поради тоа што, како што велат, е неуставна бидејќи согласно Уставот меѓународен договор не може да се поништи со закон.

„Договорот може да го раскине само тој што го потпишал, во случајот Владата, а тоа да ја извести другата страна. Ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и формира Влада, тогаш може да го раскине Договорот“, рече Митревски на прес-конференција по отфрлањето на иницијативата.

Оваа иницијатива, сметаат од СДСМ, е само обид на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и тесното партиско раководство да се затскријат зад народот и да ги спасат своите фотелји во партијата.

„По сите консултации со експерти што ги имавме изминатиот период ние тврдиме дека ова не е уставно. Ние во минатото во 2018 година сме изгласале Закон за ратификација за Договорот за добрососедство со Бугарија. Таков е законот кој сме го изгласале. Согласно член 118 од Уставот не може со закон да се поништи закон за ратификација на Меѓународен договор. Во членот 13 став 3 од Договорот стои дека тој што го потпишал, во случајот Владата може да го раскине и за тоа да ја извести другата страна“, рече Митрески.

Во коментар на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, евроамбасадорот Дејвид Гир вчера порача дека „се што води назад и ги попречува евроинтеграциите треба да се избегнува“.

„Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање“, рече Гир во интервју за 360 степени.

Тој истакна дека Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Добрососедските односи, како што посочи, се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ, а Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се имплементираат во добар дух од сите.

ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум откако ги собраа потребните потписи за нејзино поднесување, а претходно на 5 септември партискиот Извршен комитет го усвои и референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.