НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија ја добива најдесничарската влада во повоената историја

0
By Xhabir Deralla on September 26, 2022 НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија ќе ја добие најдесничарската влада поновата историја и воедно првата жена премиер, Џорџија Мелони, чија партија „Браќа на Италија“ под чие знаме во кампањите трчаат и единствените живи наследници на Мусолини, освои најмногу гласови. Според првичните  резултати од предвремените општи избори во Италија во неделата, десничарскиот сојуз составен од Браќата на Италија, Лигата и Форца Италија, освои околу 44 отсто од гласовите.

Десничарите имаа доволен број на гласови  за контрола на двата дома на парламентот, но не и за двотретинското мнозинство потребно за промена на уставот без референдум.

Победата на Мелони е нова главоболка за Брисел кој во новата владејачка структура во Италија препознава политики кои се во директен судир со европската агенда.

Варшава и Будимпешта добиваат сојузник во Рим

Нејзината победа беше поздравена уште пред да биде официјално соопштена од Будимпешта и Варшава кои во Мелони гледаат сојузник за нивната борба со Брисел.

„Орбан веројатно ќе може да смета на поддршката од Италија во споровите за владеењето на правото во ЕУ“, рече Золтан Кизели, аналитичар во проунгарската владина тинк-тенк организација „Сзазадвег“.

Во Варшава, каде ултра-конзервативната влада често застанува на страната на Орбан, исто така, изразија задоволство од изборниот резултат во Италија..

„Десните партии добиваат поголема поддршка од кога било досега“, рече Зџислав Краснодебскија, пратеник од полската владејачка партија Право и правда. „Ова е шанса за корекција на европската политика.

Во меѓувреме полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги означи како „скандалозни“ коментарите на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека ЕУ има „алатки“ да се справи со земја-членка ако работите „одат во погрешна насока“.

Урсула фон дер Лајен прашана за изборите во Италија во својот одговор ги вклучи Полска и Унгарија.

„Ако работите тргнат во тешка насока – а јас зборував за Унгарија и Полска – ги имаме алатките“, рече фон дер Лајен, јасно упатувајќи на способноста на Комисијата да ги намали средствата доделени на владите на ЕУ кога се смета дека го прекршуваат владеењето на правото.

„Дали ова е Европа што ја сакаме? Дека еврократите во Брисел диктираат каква треба да биде владата?“ – праша Моравјецки. „Ова не е владеење на правото; тоа е диктат и недостаток на владеење на правото“, рече премиерот.

Комисијата наметна сет на „мерки“ за владеењето на правото на Полска, вклучително и реформирање на контроверзниот судски дисциплински режим, со цел Варшава да пристапи до пари од фондот на ЕУ за закрепнување од последиците по економијата од коронавирусот. За Унгарија, Комисијата на 18 септември предложи да се скратат 7,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ доделени на Будимпешта поради загриженоста за владеењето на правото.

Папата VS Мелони

Една од главните политики на Мелони се мигрантите. Таа во изборната кампања најави поморска блокада во Медитеранот за бегалците од блискиот исток и Африка. Иако десничар, кој по дефиниција е близок со Ватикан, ваквата политика кон мигрантите доби критики од Папата кој ги повика Италијанците да ги отфрлат антимиграциските политики кои ги предлагаат десничарите.

ЕУ ги активира кризните механизми

Чешкото претседателство за денска свика итен состанок на земјите членки

„Одлуката на претседателството да свика таков состанок брзо и на ниво на амбасадори на ЕУ покажува колку сериозно ги сфаќаме актуелните случувања во Русија и Украина и нашата посветеност да координираме ефективен одговор“, соопшти официјална Прага.

Нов удар на ЕУ за руската олигархија

ЕУ замрзна 14,5 милијарди евра имот што им припаѓа на санкционираните олигарси и ентитети, изјави комесарот за правда Дидие Рејндерс .

Само шест земји – Австрија, Белгија, Германија, Луксембург, Ирска и Франција – учествуваа со 90 отсто од заплените,  рече Рејндерс. Тој ги повика останатите земји членки  да направат повеќе за да ги запленат имотите на руските олигарси.

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.