НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Големи оштетувања на „Северен тек 2“: Диверзија, саботажа или несреќа?

0
By Sashko on September 28, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: energyconnects.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера беше објавено дека руски гас истекува од двата „Северни тека“ во Балтичкото Море. Гасоводот е оштетен на три места, а „Норд Стрим АГД“, компанија која управува со мрежата, соопшти дека станува збор за штета без преседан. Властите на европските држави се сомневаат во саботажа на подводните инсталации кои станаа главно оружје на Кремљ во енергетската војна со Европската Унија (ЕУ).

Инцидентот се случи во сенка на ескалацијата на руската агресија во Украина, во пресрет на почетокот на грејната сезона во Европа на 1 октомври и во пресрет на отворањето на алтернативниот гасовод од Норвешка до Полска, во истиот сектор во Балтичкото Море.

Дали станува збор за саботажа?

Истовремено, норвешките власти предупредија на можни саботажи на нафтените и на гасните платформи во морето, а „Гаспром“ го доведе во прашање еден од двата преостанати правци за извоз на гас во Европа – транзитниот низ Украина.

„Откако данските и шведските власти информираа за истекувањето, нивните сеизмолози забележаа силни подводни експлозии во тоа подрачје“, пишува „Би-Би-Си“.

Со оглед дека подводните гасоводи исклучително ретко пукаат, дефектот на две нови цевки и тоа на три места истовремено, разбуди сомнеж кај европските власти дека не станува збор за несреќа.

„Денеска сме соочени со саботажа. Деталите сè уште не се познати, но јасно е оти станува збор за саботажа, што може да претставува нов чекор во ескалација на војната во Украина“, рече полскиот премиер, Матеуш Моравјецки.

„Проценките на надлежните одделенија е недвосмислена. Ова е резултат на испланирана работа. Не говориме за случајна несреќа“, изјави данската премиерка, Мете Фредериксен, додавајќи дека сè уште не располага со информации кои стои за овие случувања.

Дронови над нафтените платформи

Русија од летово ги намали испораките на гас за Европа, а по инвазијата на Украина во февруари, Кремљ тргна во отворена енергетска војна. „Гаспром“ во септември го исклучи „Северен тек 1“, па залихите паднаа на историски најниско ниво. Европа ја обвини Русија за енергетска блокада, а рускиот претседател Владимир Путин возврати дека самите се виновни и оти тоа е последица на воведените санкции кон Русија.

Европа делумно го компензира падот на испораките на гас од Русија со купување на енергенсот од САД и од Катар кој го прима главно преку гасоводи од Норвешка. На тој начин, скандинавската земја ја истисна Русија и за првпат стана најголем снабдувач со гас на ЕУ.

Норвешка произведува гас и нафта во морето. На денот на мистериозната несреќа на двата „Северни тека“, норвешката агенција за сигурност на нафта и гас ПСА предупреди дека неидентификувани летачки објекти се забележани над платформата во морето.

„ПСА повикува на зголемена внимателност на сите сопственици на платформи и оператори на бродови на норвешкиот континентален појас. Неидентификувани дронови/авиони носат зголемени ризици“, предупреди ПСА, дополнувајќи дека тие ризици значат судар, пожар и намерен напад.

Џиновски меур

Гасот од оштетените цевки на „Северен тек“ ќе истекува уште неколку дена или цела недела, тврдат данските власти. Меурите што се појавија на површина на морето покриваат 100 метри, поради што подрачје од пет наутички милји околу местото на несреќата е затворено за сообраќај.

Тоа нема да влијае врз количините на испорачан руски гас во Европа, со оглед дека Русија го исклучи „Северен тек“ во септември, а Германија не дозволи пуштање во употреба на „Северен тек 2“.

Меѓутоа, не смо што Европа сега го загуби најголемиот гасовод од Русија на кој се потпираше во изминатите децении, туку сега ја загуби и надежта за снабдување преку рускиот гасовод.

„Вчерашните вознемирувачки случувања со истекување од двата „Северни тека“ ја нагласуваат итноста од засилување на енергетската безбедност на Европа. Мора да ги вложиме сите напори за да ја лишиме Русија од можноста за користење на енергетските ресурси како инструменти за притисок“, порача Фредериксен.

Гасна војна

Покрај проблемите со гасот, загрозен е, исто така, и транзитот низ Украина на кој отпаѓа, речиси, половина од моментните испораки на руски гас во Европа, па без него во промет ќе остане само турската рута.

Поради спорот украинскиот оператор за транзит „Нафтогас Украина“ и „Гаспром“, може да се продлабочи енергетската криза во Европа. Имено, „Гаспром“ ќе престане да плаќа за транзит низ Украина и на тој начин ќе избегне самостојно да го запре гасот за Европа, туку тој избор ќе ѝ го остави на Украина – да продолжат бесплатно да пумпаат гас или да ја затворат цевката.

Тоа за ЕУ претставува дополнителен проблем. Европа ја проживува најголемата енергетска криза во последните 50 години која веќе ја чини повеќе од пола трилион евра, а зимата сè уште не е почната, како и сезоната на греење.

„До мај се преполовија руските залихи на гас на 250 милиони кубни метри дневно, а во моментот не надминуваат 80 милиони“, пишува „Би-Би-Си Русија“.

Зошто Русија ги намали испораките на гас за Европа?

Русија го објасни намалувањето на снабдувањето со гас на ЕУ со технички причини и со санкциите. „Гаспром“ вели дека санкциите го попречуваат планираното одржување на турбините на компресорските станици, па како резултат се намалени и испораките. Поради западните санкции, Путин побара плаќањето за гасот да оди преку руските банки и да се реализира во рубљи, а оние кои го одбија тоа, им беше исклучен плинот.

Кремљ го оцени инцидентот на подводните инсталации во Балтичкото Море како „ситуација без преседан“.

„Сега не можеме да исклучиме ниту опција. Навистина, говориме за некој вид на разорување во цевките, сè уште е нејасно какво е, но исклучително сме загрижени за овие вести“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Извор: hr.n1info.com

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.