Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шведска ја интензивира потрагата по подводната мистерија

0
By Нова ТВ on October 21, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 21, 2014 14:29

Шведската војска ги интензивира пребарувањата во океанските води надвор од Стокхолм, за подводната мистерија за која се шпекулира дека се работи за подморница.

На цивилните бродови им беше наредено да се држат најмалку 10 километри оддалечени од шведскиот воен брод кој ја спроведува истрагата.

Потрагата започна во четвртокот откако веста за појавувањето на подморницата првпат се пронесе во изданието на шведскиот весник Svenska Dagbladet.

Изданието повикувајќи се на неименувани извори, соопшти за „пресретнување на разговори на руски јазик на СОС фреквенцијата“ во водите на кралството.Сигналот одел од Стокхолмскиот архипелаг за Калининград, каде се наоѓа штабот на Балтичката флота.

Холандската армија посочи дека мистериозната подморница, која е предмет на истрага на шведските поморски сили во Балтичкото Море, не е нејзина, како што тврдеше руското Министерство за одбрана.

Во неделата контра-адмиралот на морнарицата на Шведска Андерс Гренстад изјави дека вооружените сили на земјата трипати регистрирале „подводна активност“ во секторот на Стокхолмскиот архипелаг, меѓутоа не можат да ја потврдат информацијата дека тоа била руска подморница.

Од Министерството за одбрана на Русија изјавија дека „никакви непланирани и, уште повеќе, вонредни ситуации со руските воени бродови немало и нема“.

И американските претставници соопштија дека нема нивни пловни објекти во областа која ја пребарува Шведска.

Според Јохан Викторин, шведски воен експерт, постојат три можности за забележувањето на објектот.

Тој вели првата можност е Русија ги мапира водите со цел полесно да се справи во случај на непријателски напади. А исто така посочува дека можеби инсталираат сензори за следење на други пловни објекти или едноставно Русите се впуштени во разузнавачка мисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.