Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со владина делегација утре доцна попладне ќе ја пречекаат делегацијата на ЕУ предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен. Пристигнувањето на европските функционери е најавено за 17:50 часот.
Владината делегација за пречекот на Фон дер Лејен е предводена од Ковачевски а во нејзин состав се заменик-претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.