НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски со новата американска амбасадорка: Потврда на стратешкото партнерство со САД и силна поддршка за евроинтеграциите

0
By Gabi Tocko on November 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија е партнер од доверба во НАТО, а веруваме дека натамошната поддршка од САД за сите важни процеси ќе продолжи и ќе се интензивира, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба во Владата со новата американска амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Тој, како што информираат од владината прес-служба, посочи дека Владата посветено работи да обезбеди европска иднина на граѓаните и на државата, но е и цврсто фокусирана кон справувањето со последиците од економската и енергетската криза, дека во рамки на најновиот сет антикризни мерки се обезбедува поддршка за најранливите категории граѓани, како и дека енергетската криза се менаџира преку државна поддршка за граѓаните и компаниите.

На состанокот е потврдено значајното стратешко партнерство со САД, со јасна порака дека во САД имаме искрен партнер и пријател. Изразена е силна поддршка за нашите евроинтеграции, со што се обезбедува подобар живот за граѓаните во својата држава. Во таа насока, разговарано е за значењето на натамошниот напредок на евроинтеграцискиот процес.

Исто така, посочено е и на важноста од регионалниот развој, преку добрососедската соработка, посебно за економијата, каков што пример е соработката на државите во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Премиерот Ковачевски и посака добредојде на американската амбасадорка Агелер, изразувајќи уверување за успешен мандат, како и натамошен развој на големото пријателство меѓу Северна Македонија и САД. Се заблагодари за големата, јасна и видлива поддршка што ја има нашата држава од Соединетите Американски Држави.

На состанокот е разговарано и за определбите на Владата за владеење на право и справувањето со корупцијата како важни за граѓаните, но и за компаниите, во контекст на определбите на инвеститорите да вложуваат во држави каде што има правна сигурност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.