Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Континуитет и дисконтинуитет

0
By Marta Pesevska on November 13, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 13, 2022 11:59

ЗОРАН ИВАНОВ

Ванчомихајловизмот е дел од континуитетот на ВМРО, рече Мицкоски и не одрече.

Не го стори тоа и досега и со другите континуитети на овдешното ВМРО. Не одрече континуитетот со врховизмот, континуитет со груевизмот, еве и континуитет со ванчомихајловизмо и континуитет со …

Изјавата на партискиот водач за историскиот партиски континуитет побуди куп инсинуации од типот крвта не е вода но потсети и на куп факти како, наместо инсистирање на постулат за дисконтинуитет, тој отвореното и недвосмислено го дефинираше континуитетот и со докажаниот македонски негатор и профашистички лидер на една од егзистенцијалните етапите на ВМРО.

Традиција или партиска идеолошка матрица која, нели современото ВМРО, политичката партија ДПМНЕ, ја држи на дното на скалата на современата европска демократијата негувајќи секаков наводен патриотски, а всушност, еве, во антифашистичка Македонија, континуитет со фашизмот. Темата не е за прашање туку е за дилемата што треба да ја појасни актуелното партиско водство, пред се, нејзиниот лидер околу партискиот континуитет со фашизоидот негатор на Македонците, Ванчо Михајлов.

Од минатото нема бегање. Од менталното идеолошко наследство, од свеста и потсвеста на припадноста, исто така. На актуелниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ му се лизна фашизмот. Му се испреврти преку јазикот. Излегува дека кога потсвеста проговорува, свеста не премолчува. Но ја оставам оваа констатација на толкување на стручните, на психолози, психијатри, па сепак, првичната реактивна констатација на јавноста е дека претседателот на партијата само потврдил историски факт дека фашизмот, тоа црнило под ноктите и на нашата македонска „десница“ не е само  експонат во нивниот идеолошки музеј, туку е жива материја проткаена меѓу редовите и на континуираното историско, а еве и на актуелно партиско дејствување. И сето и онака некако идентично како кај своите сестрински или братски, сеедно, источни каракачанови истоименици.

На партијата која во своите кампањи ги испогани прво партизанските вредности, која своевремено и на клоци како партали ги набрка инвалидите од НОБ од нивните простории поради атрактивноста на локацијата на нивниот клуб во најстрогиот центар на Скопје и која ги понижуваше и ги исмејуваше борците создавачи на македонската држава, чии високи партиски функционери пафтаа со бугарски знамиња на бугарските планински врвови и кои не ја криеја гордоста што се носители на бугарски пасоши и на тамошни лични карти евидентирани на бандери по селата на западните краишта на нашиот источен сосед и кои го навредуваа творецот на современиот македонскиот литературен јазик, кои …. И затоа, македонската јавност сега воопшто и не се чуди за нејзиниот континуитет со Ванчо Михајлов.

Па ако неговата партија наследничка и нејзиниот актуелен претседател не можат да побегнат од минатото, ако дури се и горди и ако го негуваат таквиот континуитет, ако немаат абер ова нивно сегашново ВМРО да го исчистат од фашизоидните флеки, тогаш што туку се глумата и вревата околу именувањето на битолскиот бугарски клуб, на охридскиот со името на царот кој исто така застана зад нацизмот. Што на шега што сериозно но аналогно на сево, наредниот бугарски клуб во државава Македонија, зошто да не, што тука би било различно, би можел да го носи името на актуелниот претседател на актуелното ВМРО-ДПМНЕ. Ова неспорното, по примерот и со леснотијата со претходните регистрации и ова бргу би  минало и кај македонскиот Централен регистар.

На ДПМНЕ му е нужна итна идеолошка диференцијација. Во спротивно партијата и натаму ќе си го влече темните дамки на нејзиниот историски континуитет вклучително, како што си кажа и нејзиниот актуелен претседател, континуитет и со фашизмот што во ова време на современа Европа, него и партијата неминовно ги става на патот кој води до историското депо.

И затоа, доколку партијата на Христијан сака да ја живее својата политичката сегашност и да ја доживее својата партиска иднина, наместо восклик за континуитет, би било поарно да се позанимава со алатките што ќе и`обезбедат дисконтинуитет. Дистанца од континуитетот во кој се вткаени и нивни мрачни партиски ликови негатори на Македонците и на македонската држава.

Оттука, партиски континуитет или партиски дисконтинуитет – изборот е на сегашната генерација на самопрогласените наследници на историското ВМРО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.