НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шулц: ВМРО-ДПМНЕ да размисли за одговорноста, тие се дел од ЕПП која ги смета уставните измени за неопходни

0
By Соња Крамарска on November 22, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Мојот впечаток, и тоа е мој личен впечаток, е дека опозицијата води тактичка игра да ја стави владата во тешкотии. Но, на ниво на држава, независно дали сте во влада, или во опозиција, треба да се земе предвид интересот на земјата во целина. А главен интерес на државата е да се надминат пречките на патото кон членство во ЕУ и затоа сметам дека партиите треба внимателно да размислат за баланс меѓу државна одговорност и тактички чекори во односите влада-опозиција. Главната опозициска партија во земјава е дел од Европската народна партија. ЕПП пак го дели ставот на вашата Влада дека уставните измени се неопходни за напредок во ЕУ“, рече денес во Скопје поранешниот претседател на Европскиот парламент и актуелен претседател на фондацијата Фридрих Еберт, Мартин Шулц.

Шулц, кој пет години беше на чело на Европскиот парламент, го критикуваше односот на Брисел кон Северна Македонија, француското вето го нарече неоправдано и мотивирано од нивни домашни причини, и повика Унијата, по македонско-бугарскиот договор, да ги исполнува ветувањата.

И поранешната шефица на шведската дипломатија Ана Линде, образложувајќи дека нема пократок пат во тешките евроинтеграции, се надева на конструктивност од домашната опозиција.

„Зборуваме за уставните измени, кои сега сметам дека се важни. Сметам дека актуелниот премиер Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешната министерка Радмила Шекеринска направија особено големи напори да ја донесат земјата во ситуацијата во која се наоѓа сега и искрено се надевам дека ќе има конструктивна опозиција, а не опозиција што само го отежнува патот на вашата земја за членство во ЕУ, зашто нема пократок пат“, порача таа.

Шулц и Линде денес беа гости на конференцијата на фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.

 

 

 

 

Ана Линде ВМРО-ДПМНЕ Мартин Шулц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.