19 лица се ставени под домашен карантин во Австралија како мерка на претпазливост, додека во болница течат истражувања за ебола на 18-годишна африканска тинејџерка соопштуваат странските медиуми.
Девојката е со висока температура и треска од вчера. Таа пристигнала во Австралија пред 12 дена од Гвинеја заедно со уште 8 нејзини роднини, од кои 6 се деца.
Групата е едно од четирите западноафрикански семејства, кои пристигнаа во Бризбејн во изминатите неколку недели.