НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот за 2023 година и донесени две одлуки поврзани со Интерконективниот гасовод со Грција

0
By Marta Pesevska on December 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на Северна Македонија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието на Република Северна Македонија кадешто беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски ја разгледа и усвои Информацијата за донесување Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за Интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Грција и го донесе Урбанистичкиот план.

Проектот Интерконективен гасовод Р.С. Македонија – Р. Грција претставува секција (дел) од целокупната мрежа којашто треба да се изгради на територија на Република Северна Македонија. Овој гасовод ќе биде гасовод што го поврзува системот за пренос на гас на Северна Македонија со грчкиот Национален систем за пренос на природен гас (NNGTS) во Неа Месимвриа.

Гасоводот, според посочувањето од Министерството за транспорт и врски, ќе биде составен дел од Националниот гасификационен систем во Северна Македонија и ќе овозможи двонасочна трансмисија на природен гас на овој југоисточен дел од државата. Делницата за интерконекција меѓу Северна Македонија и Грција на територијата на нашата држава е со должина од 66.7 километри. Делницата почнува од границата со Грциjа и завршува кај Неготино, а крајната точка на оваа делница е спој со веќе изградената блок станица БС-08.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за склучување Дoговор за однапред резервиран капацитет (Advance reservation capacity agreement – ARCA), за резервирање капацитет на грчката страна од интерконекциската точка Евзони – Гевгелија и го одобри склучувањето на Договорот, донесувајки ја Одлуката со предложениот текст.

Реализацијата на проектот за изградба на Интерконективен гасовод со Република Грција претставува магистрален гасовод за пренос на природен гас за поврзување на Република Северна Македонија со Република Грција, што ќе овозможи обезбедување дополнителни количини природен гас на државата од различни извори на снабдување со природен гас. Овој интерконективен гасовод ќе овозможи диверзификација, сигурност во снабдувањето и можност за намалување на увозната цена на природниот гас, бидејки ќе се обезбеди достапност на природен гас од повеќе различни извори на природен гас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.