НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

25 години од смртта на великанот на македонското глумиште, Димитар Гешоски

0
By Нова ТВ on October 29, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој беше навистина актерот Гешоски? Неговата ќерка, Искра Гешоска, во текст на социјалната мрежа Фејсбук го опишува како “ученик на прилепската школа на животот и на Ченто. Tврдеше дека треба постојано да се биде субверзивен и наспроти – тоа е хигиена на духот. Да беше жив, сигурно жестоко ќе се бореше против стварноста која ни се случува… ”

Текстот на Искра Гешоска го објавуваме во целост:

Димитар Гешоски (29.10. 1989 – 29.10 2014)
беше необичен, див, а разумен. остар на јазик а праведен, арогантен а мек. сакаше да разговара, но и да биде долго во молчалива осама. заштитник. за него принципот на солидарност беше алфа и омега. ученик на прилепската школа на животот и на Ченто. комплексен во својата едноставност.

ги сакаше актерството и театарот. ги сакаше Солженицин, Чехов, Кафка, Греам Грин и Достоевски. не се плашеше и не се снебиваше в лице да каже сè што му е на ум па колку и да е непријатно да се слушне.

не поднесуваше лицемерие, подаништво и подлизурговци. ме учеше дека нема ништо пострашно од малограѓанштина и паланечки дух. тврдеше дека треба постојано да се биде субверзивен и наспроти – тоа е хигиена на духот велеше.

кај Јоле имаше своја маса, под дрвото, па и кога не доаѓаше, таа стоеше празна. сега ја нема масата, а на плочата остана запишано: „Впечатлив актер и штедар човекољубец. Му придодаде и втисна на својот позив и на македонскиот дух, белези и својства на самосвојна питомина и финотија. Во високата школа на скопската боемија ја основа Катедрата за елеганција и благородство“.

да беше жив, сигурно жестоко ќе се бореше против стварноста која ни се случува, против привидот на животот кој ни се сервира. оти тој имаше поинаква визија за животот, за политичкото, за естетското.

Кога бев мала ми пречеа целовечерните сеанси на татко ми, Петре М. Андреевски (побратим негов), Жоро Божиков, Бранко Заревски, Предраг Дишљенковиќ… сега ми недостигаат… оти гледам дека тие имале сè а ние ништо. тие се имале себеси, секој со својата посебност но во една бујна и креативна заедница. ние… ние барем да си приспомнуваме на нив…

Текстот на Гешоска е објавен во ИДЕИ на НОВА со нејзина дозвола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.