Оставката на бугарската влада, по насилните протести, е предупредување и за владите во другите европски земји.
Бугарија лесно ги постигна критериумите од Маастрихт за влез во еврозоната и се врза за еврото уште во 1997 година со што ја избегна кризата.
Но, тоа не ги увери гласачите, наведува „Фајненшал тајмс“, заклучувајќи:
„Тоа е лекцијата која владите дури и во побогатите држави би требало да ја научат.“
Ова се наведува во коментарот во весникот „Фајненшал тајмс“ во кој се оценува дека владите мора да научат која е вистинската цена на нивната политика.
Дури и покрај знаците дека најлошите проблеми во еврозоната и падовите што следеа можеби се минато, во денешната Европа која нема голем пораст, социјалните нереди можат да добијат суштинска сила за да соборуваат влади и во земји кои директно не се погодени од кризата.
Централно десната влада на Бојко Борисов е уште една жртва на мерките за штедење, иако, како што пишува „Фајненшал тајмс“, Бугарија не страдаше од некои посебно остри кратења во поглед на болните фискални затегнувања.
Бугарија, за разлика од соседните Грција и Романија, не бараше спас од меѓународната заедница. Невработеноста, иако е во пораст и сега изнесува 12 насто, сепак не е толку голема ако се спореди со другите земји во Европа.
Уставните и демократските предизвици што се појавија во соседната Романија откако на протестите во минатата година беше извршен притисок за смена на владата, во Бугарија се одбегнати. Сепак, се уште постои опасност претстојната предизборна кампања да биде искористена од радикалните партии. Доминантна изборна тема секако ќе биде изнаоѓањето начини за намалување на цените на струјата.
Но, една лекција од оваа паѓање на владата е таа дека секој кој во иднина ќе ја преземе власта ќе мора да ги дуплира напорите за да ја запре корупцијата, која можеби најмногу придонесе и за големите животни трошоци.
Она што е најзначајно и за другите земји на Европската унија е фактот што со зацврстувањето на фискалната дисциплина ќе се зголемуваат проблемите.